Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
Проект: „Илинска и Плакенска Планина – чувари на нашето здравје и благосостојба” PDF Печати
Art_point_-_Gumno

16.05.2012

НАЈАВА

за одржување на обука за собирачи на споредни шумски плодови од регионот на горен Демир Хисар

 

            Во рамките на проектот „Илинска и Плакенска Планина – чувари на нашето здравје и благосостојба” кој се спроведува од страна на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „АРТ ПОИНТ – ГУМНО” од с. Слоештица, на 19ти мај 2012 год.,  сабота со почеток во 18:30 часот, во просториите на локалното ОУ „Браќа Миладиновци” во Слоештица, ќе се одржи ОБУКА наменета за собирачите на споредни шумски плодови од горно демир-хисарските села.

Главна цел на обуката е информирање на локалните собирачи за позитивните законски прописи кои ќе се применуваат при собирање на т.н. споредни шумски плодови (печурки, лековити и ароматски билки, боровинки и др.) и за правилниот начин на собирање со цел заштита/одржливост на биодиверзитетот, а ќе биде презентирано и комерцијалното значење на одредени видови габи и билки од регионот, со посебен осврт на можноста за култивирање на планинскиот чај.

Преку оваа активност за одржливо собирање и можностите за култивирање на т.н. споредни шумски производи проектот ќе даде поддршка за генерирање на дополнителни приходи на локалното население од руралните средини во регионот на горен Демир Хисар.

            Обуката е бесплатна, а во организацијата, активно е вклучена и општината Демир Хисар која, освен просторија за реализација на обуката, ќе овозможи организиран превоз на заинтересираните собирачи од горно демирхисарските села и тоа по следниов распоред:

с.Мало Илино 16:30, с.Железнец 16:40, с.Брезово 17:00, с.Доленци 17:15, с.Базерник 17:45, с.Жван 18:00,

с.Мренога 18:15, с.Вирово 18:25

            Проектот „Илинска и Плакенска Планина – чувари на нашето здравје и благосостојба” се спроведува во рамките на програмата за мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина од проектот “Програма за закрепнување на балканскиот рис” којшто Македонското еколошко друштво заеднички го спроведува со ППНЕА (Албанија), КОРА(Швајцарија) и ЕуроНатур (Германија), со финансиска подршка од фондацијата МАВА (Швајцарија). Спроведувањето на проектот е потпомогнато и од општина Демир Хисар.

 
 
ВЕШТА ЖЕНА PDF Печати
Priem_za_vesta_zena-1

15.05.2012

ЈАГОДА СТОЈАНОВСКА „НАЈВЕШТА“ И ВО ТЕТОВО

Победничката на демирхисарскиот избор на вешта жена, Јагода Стојановска победи и на републичката манифестација „Вешта жена“ што на 11 – ти и 12 – ти мај се одржа во Тетово.

Повеќе...
 
ФИЛМ „ДО БАЛЧАК“ PDF Печати

Do_balcak-110.05.2012

ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА „ДО  БАЛЧАК“

На поранешната железничка постојка „Бигла“ кај селото Света, демирхисарско, почна снимањето на играниот филм „До балчак“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Горан Стефановски.

Повеќе...
 
ПРАЗНУВАЊА PDF Печати
Slava_na_Sv._Atanasij_Sopotnica-2

15.05.2012

ТРАДИЦИОНАЛЕН ЦРКОВЕН СОБИР КАЈ СВ АТАНАСИЈ СОПОТНИЧКИ

Поројните пролетни дождови и наглото заладување на времето не ги попречија многубројните верници денеска да го прослават патронот на манастирот Св. Атанасиј кај Сопотница.

Повеќе...
 
ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати

Most_na_Stara_Reka_Smilevo-skica09.05.2012

ЗАШТИТНИ ОГРАДИ ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ

 На 7 мостови на локални патишта во општината Демир Хисар ќе се постават нови метални огради.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 34

Пријави проблем

Анкета

КАКО СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
 
Банер
Банер
Банер