ЈУДГ „2 Септември“ PDF Печати

ЈАВНА ОПШТИНСКА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА

ДЕТСКА ГРАДИНКА „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“

Gradinka-1

Историјат и општи информации

Детската граадинка во Демир Хисар е основана на 31.10.1978 година, со Одлука  na Општинската самоуправна заедница за општествена заштита на децата (ОСИЗ), со назив “Комбинирана детска установа“. Институцијата располага со објект од 1000 м2 и дворна површина  од 2000 м2.

Дејноста се извршува во 7 занимални со вкупна површина од 300 м2 наменети за детски јасли и градинка, сала за разновидни активности и други простории.

Дејност

Дејноста на детската градинка е, згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Истата се остварува преку згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско – рекреативни и културно – забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето, поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до шестгодишна возраст, односно до вклучување во основното образование.

Gradinka-2

Глобални визии

Со оглед на значењето на предучилишното воспитание и образование, се наметнува потребата, во иднина, во општината Демир Хисар, секое дете да биде опфатено со некој вид предучилишно воспитание и образование. Можните решенија се гледаат низ неколку глобални визии на установата:

- целосно вложување и ангажирање на постојниот кадар и искористување на просторот;

- организирање на „патувачка“ градинка;

- организирање на алтернативни установи со полудневна програма;

- обука на родителите на деца во насока на позитивен став за значењето на образованието за сите деца;

- перманентно усовршување на воспитно - образовниот кадар итн.

Gradinka-3

 

Реализирани проекти

- промена на стандардите за работа со деца од 6 години;

- подобрена исхрана според прописите на Заводот за домаќинство;

- целосна замена на старите радиоактивни салонит табли со пластифицирана ламарина;

- набавка и замена на теписи и патеки во занимални, аудио, видео и бела техника, дидактички материјал, внатрешно осветление и др.

Адреса:

ЈОУД Детска градинка „Втори септември“

ул. Маршал Тито, бб, 7240

Демир Хисар

Телефон/факс: (+389) 276 141

E - mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Директор,

Гоце Мицковски




 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер