ВОДИЦИ 2012 PDF Печати
Vodici-11

19.01.2012
МРАЗОТ ПРЕМЕК ПРЕД НАЛЕТОТ НА БОГОЈАВЛЕНЦИТЕ
Ниту мразот, ниту водното студенило, ниту подминусната температура не можеа да ги спрчат многубројните демирхисарски богојавленски капачи да се пливнат во водите на студените водотеци, вирови и базени. Речиси да немаше село каде што со симболичното фрлање на Светиот крст не се одбележа осветувањето на водите и празникот Богојавление, односно Водици.


 Во Доленци Никола Димитровски, во Жван Марин Здравевски, во Сопотница Томче Дукадиновски, во Слепче Оливер Апостоловски, а во Демир Хисар Иле Кузмановски. Ова се дел од имињата од подолгиот список на најсреќни и највешти пливачи - водичарски  јунаци кои и покрај поларните температури успеааја да го фатат Светиот крст.
Општинска делегација предводена од Снежана Најдовска, директор на Психијатриската болница и Менка Најдовска, директор на училиштето „Браќа Миладиновци“ во Жван и личен претставник на градоначалникот на општината, ги посети и престојуваше на свеченостите во Доленци, Жван и Сопотница. Во името на градоначалникот и во името на институциите што ги претставуваа, на најсреќните богојавленски капачи им  доделија пригодни подароци.Slepce-5


Градоначалникот Тони Ангелевски во придружба на директорот на средното училиште „Крсте Мисирков“ Кире Ристевски и директорката на Детската градинка „Втори септември“ Бети Коруновска, беше на фрлањето на крстот во Слепче каде што на најуспешниот капач му врачи пригоден богојавленски подарок.
Најмасовно, најорганизирано и според бројот на капачите, најмногубројно беше на централната свеченост во населбата Мургашево, на мостот на Стара Река.
Дебелата ледена покривка се покажа немоќна пред упорноста и пожртвуваноста на членовите на црковниот одбор кои со поддршка на градоначалникот и дел од сопствениците на тешка механизација, речиси во последен мост успеаја да го искршат мразот кој што не се памети откако е востановена манифестацијата пред 18 години.
Организаторот, црковниот одбор на храмот Св. Никола, имаше подготвено пригодна уметничка програма, а по крстот се фрлија дури 20 момчиња.
Во „трката“ по крстот, најсреќен беше 15 -  годишниот Иле Кузмановски.
Пред илјадната публика, црковниот одбор постхумно додели јавно признание и благодарност за прерано починатиот Јане Ангелевски, повеќегодишен претседател на црковниот одбор, познат музичар и истакнат педагог, за неговиот огромен личен придонес во организирањето на црковниот и духовниот живот во градот Демир Хисар и за многубројните химани дела. Признанието го прими неговата повозрасна ќерка Ангелина Ангелевска


Vodici-1
Vodici-2
Vodici-3
Vodici-4
Vodici-5

Vodici-7
Vodici-8
Vodici-9
Vodici-10
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер