ГНА ПРИЈАТЕЛИ НА ДЕМИР ХИСАР е основана на 18.03.2010 год. со Решение на Централен регистар на РМ. Седиштето е во Д.Хисар ОСНОВАЧИ - Горан Шундовски, дипл. социјален работник - Гоце Цветановски, дипл. правник - Краса Костадиновска, економист - Јане Ангелевски, дипл. учител - Кире Ристевски, дипл. професор по историја
Претседател Горан Шундовски
ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ - поттикнување, омасовување, развој и унапредување на културата, македонските традиции, културното и историското наследство; - поттикнување на јавната свест за заштита и негување на културното и историското наследство и развој на локалната средина преку културата; - учествува и организира општински, меѓуопштински, државни и меѓународни натпревари, манифестации, промоции, ревии, семинари, трибини, приредби, советувања, курсеви, прослави на празници и јубилеи; - организира и други стручни семинари и курсеви за информатичка и друг вид надградба и едукација на населението од градот и руралните населени места; - издава публикации, периодични списанија, флаери и друг вид печатен, видео или аудио пропаганден материјал за јавна промоција на културата, историското и културното наследство; - развива соработка со сродните и сите останати невладини организации и неформални групи на граѓани; - и др. во согласност со програмата и статутот.
Контакт:
Е-адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Телефони:
077 75 91 91
071 93 21 80
|