Час со градоначалникот PDF Печати
НАСТАВЕН ЧАС СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Nastaven_cas_kaj_gradonacalnikot-1Учениците од  IV одделение од ООУ „Гоце Делчев“, во присуство на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, денеска во неговиот кабинет одржаа наставен час по предметот Општество.

На тема „Општина“, најпрвин одговараа на прашања на одделенската раководителка Валентина Димоска и се потсетија на знаењата стекнати на оваа тема, а потоа речиси сите му поставуваа прашања на градоначалникот. Тие, покрај другото, се интересираа кога е формирана општината, кои се нејзините надлежности, за симболите на општината, грижата на општината за образованието, културата, комуналното уредување, работата на Советот на општината итн.

Пред крајот на часот младите демократи од IV – тото одделение на градоначалникот му дадоа и неколку конкретни предлози за подобрување на јавната чистота, комуналното уредување и сл.

Во рамките на наставниот час, учениците ги посетија Одделението за економски развој и Општинскиот центар за услуги.

Nastaven_cas_kaj_gradonacalnikot-2Nastaven_cas_kaj_gradonacalnikot-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер