ЧЕСТВУВАЊЕ PDF Печати
„ДЕНОВИ НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС“

Како дел од неколкудневното чествување по повод 108 години од одржувањето на Смилевскиот конгрес (2-7 мај 1903 г.), во саботата, на 7 - ми мај о.г., во легендарното Смилево се одржа завршното чествување по повод овој голем настан од македонската национална историја.

7_maj-Smilevo-1На споменичните обележја на Смилевското средсело, во името на граѓаните на Демир Хисар. делегација на општината што ја предводеше градоначалникот г-н Тони Ангелевски, положи цвеќе. Положија цвеќе и претставници на Полициската станица во Демир Хисар кои 7 ми мај го слават како Ден на македонската полиција, Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев од Битола и УМС од Битола.

Голем број претставници на јавните институции во општината Демир Хисар, Смилевци, претставници на Здруженијата „Даме Груев“ и резервните воени старешини на Македонија, ученици од сите основни и средното училиште, како и други гости од Демир Хисар и Битола, присуствуваа на големиот историски час посветен на Смилевскиот конгрес на кој говореше проф. д-р Ѓорѓи Малковски, историчар.

Ученици од ОУ „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“ и средното училиште „Крсте П. Мисирков“ изведоа културно - уметничка програма.

7_maj-Smilevo-27_maj-Smilevo-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер