ЌЕ СЕ ЧИСТИ ЦРНА РЕКА PDF Печати

АРМИЈАТА И ОПШТИНАТА ЌЕ ГО ЧИСТАТ КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА

ARM-cistenje_rekiСо тешка механизација на Армијата на Рапиблика Македонија, наскоро треба да продолжи акцијата за чистење на коритото на Црна Река по течението во општината Демир Хисар. Според договорот што деновиве градоначалникот на општината Тони Ангелевски го потпиша со министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе се работи на расчистување на коритото во должина од околу 2,5 килопетри, во атарите на селата Единаковци и Света.

Оваа делница од Црна Река беше една од најкритичните за време на обилните, пројни дождови при што Црна го поплавуваше скоро целото плодородно поле на жителите од овие села, како и од селата Вардино и Бараково кои, исто така имаат ниви во овој атар. На најкритичните места, со тешката механизација ќе се регулира речното корито и ќе бидат остранети дрва, гранки и други наноси кои го попречуваа водотекот и го поплавуваа полето.

Потпишувањето на овој договор наиде на општо одобрување кај жителите од овие населени места бидејќи конечно ќе се спречи излевањето на водата од коритото, а со тоа и огромните штети што ги трпеа ратарите од овие демирхисарски села.

Според договорот, АРМ ќе учествува со отстапување на тешката механизација, а општината ќе набави погонско гориво, односно 15000 литри нафта.

Зависно од временските прилики, се очекува работите да започнат многу скоро.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер