НОВА ВЕБ СТРАНИЦА PDF Печати
D.Hisar-small

Почитувани сограѓани,

На 1 – ви јуни 2011 г. општината Демир Хисар ја пушти во функција новата веб страница – www.demirhisar.gov.mk. Таа е целосно редизајнирана и ажурирана со цел унапредување на повеќенасочната комуникација со јавноста, пред се граѓаните, и претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации.

Идејата за краирање нов веб портал произлезе од потребата за создавање и пласирање јасни, прецизни, конкретни, транспарентни и отчетни информации за сите нејзини корисници.

Со цел да се обезбеди висок степен на квалитет на услугите и транспарентното работење, новина на новиот веб портал е новата апликација „Е – општина – ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ“, донација на УСАИД. Со примената на оваа алатка  очекуваме да се обезбеди побрза и поефикасна комуникација на релација граѓанин – општина – граѓанин, односно поквалитетен и интерактивен протек на информациите.

Ве покануваме постојано да не посетувате и редовно да ги следите информациите за активностгите на општината Демир Хисар, но со вашите предлози и сугестии, да помогнете во подобрување на квалитетот на содржините и услугите.

Со почит,

Тони Ангелевски, градоначалник


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер