Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ЧЕСТВУВАЊА-ИЛИНДЕН 2017-114 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА PDF Печати
Piperka-baner
 
Општинско – корисна работа 2017 PDF Печати

По повод објавувањето на новиот оглас на програмата „Општинско – корисна работа“, Општина Демир Хисар е во подготвителна фаза за изготвување на апликација за учество во проектот.

Што претставува општинско-корисна работа?

Претставува активност која овозможува унапредување на системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Програмата промовира партиципативен пристап во дефинирањето на потребите и дизајнирањето на услугите, преку инволвирање на заедницата и институциите на локално ниво.

Затоа во фаза на избор на приоритетите односно кои социјални и/или други услуги сметаме дека се најпотребни во Општина Демир Хисар се решивме за користење на веб алтката Моја Општина, за соодветно дефинирање на приоритетните услуги од социјалната сфера за граѓаните.

Резултатите од користењето на оваа алатка ке бидат замени во предвид при конечната анализа и изготвувањето на апликациониот формулар за ОКР 2017.

Во прилог ви доставуваме и линк за користење на оваа веб алатка: http://www.moja-opstina.mk/

 
ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - БАБИНСКИ ЛИКОВНО-ЛИТЕРАТУРНИ СРЕДБИ PDF Печати
zAVESTANIE-1

06.08.2017
Бабино

Демихисарско културно лето 2017

БАБИНСКИ ЛИКОВНО - ЛИТЕРАТУРНИ СРЕБИ 2017

Во рамките на Демирхисарско културно лето, на 06.08. 2017 година, Здрушението за негување на културното и обичајно наследство ,,ЗАВЕШТАНИЕ“ од Бабино, одржа ликовно-литературна средба.

Најпрво, делегација на Здружението во состав, Радован П.Цветковски, Панде Петровски и Добре Тодоровски, положи свежо свеќе на гробот на великанот на македонската книжевност Петре М.Андреевски во с.Слоештица.

Средбата ја отвори пистаелот Добре Тодоровски, пред седиштето на Здружението во Бабино. Потоа, во предворјето на библиотеката ,,Ал-Би“- Бабино, се одржа промоција на книгата ,,Зборот наш на други јазици“, од авторот Радован П.Цветковски.

Со своја поезија настапија: Билјана Солунческа, Радован П. Цветковски, Љубе Митрајчески, Златко Бошевски, Борис Дамески, Менде Солунчески и други.

Учесниците на оваа манифестација имаа можност да ја разгледаат мини изложбата на академскиот сликар Панде Петровски.

На средбата учествуваа 37 учесници.

Настанот беше поддржан од Општината Демир Хисар

zAVESTANIE-2

zAVESTANIE-4
zAVESTANIE-3
 
ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - ПОРАКА НА МИРОТ PDF Печати
Poraka_za_mir-1

08.08.2017

ПО ВОДИТЕ НА ЕРИГОН, ИСПЛУТАА ДЕМИРХИСАРСКИТЕ ПОРАКИ ЗА МИР

Во пет минути до 12, време што ја симболизираше алармантноста со светскиот мир, а по повод 72. годишнината од најголемата светска нуклеарна катастрофа, на мостот на Црна Река кај Жван се одржа пригодна свеченост.

Во организација на Општина Демир Хисар и Македонското здружение „Гороцвет“, а на денот на големиот православен празник Света Петка, познатиот светски хуманист, мисионер на мирот и уметник, брезовчанецот Живко Поповски - Цветин, по црноречните води ги испрати демирхисарските пораки за мир во светот и против нуклеарното наоружување.

На свеченоста присуствуваа претставници на општината, местната заедница Жван, како и гости од соседната општина Крушево и други населени места. Во името на граѓаните на Општина Демир Хисар, цветната порака на мирот ја потпиша секретарот Љупчо Ангелевски.

Настанот се одржа како придружна манифестација на Демирхисарското културно лето.

Poraka_za_mir-2

Poraka_za_mir-4
Poraka_za_mir-3
 
НАУКА - ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2017 PDF Печати
lilcic

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА НА СЕКЦИЈАТА АРХЕОЛОГИЈА

            Согласно преходно водените разговори со Господин проф. д-р Сашо Цветковски, Господин Љупчо Блажевски градоначалник на општината Демир Хисар, господин Благоја Шундовски раководител на протоколот и деловните комуникации на општината Демир Хисар, и последователниот Договорот бр. 05-462/1 (08. 06. 2017) за учеството на Летната школа склучен на ден 08. 06. 2017 година помеѓу Општината Демир Хисар (градоначалник Љупчо Блажевски) и проф д-р Виктор Лилчиќ Адамс, активно учествував и ја водев реализацијата на програмата на работата на археолошката секција во рамките на Првата Демирхисарска летна школа 2017 година во периодот од нејзиното отворање на ден 07. 07. До затворањето на ден 14. 07. 2017 година.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 3 од 176

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер