Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
Честитка од градоначалникот по повод Божиќните празници PDF Печати

По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово, Божиќ, градоначалникот на

Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, Ви упатува искрени желби за добро

здравје, лична, семејна и општествена благосостојба, радост, љубов, спокој и

среќен живот на сите граѓани на Општина Демир Хисар.

Христос се роди, за многу години!  

 
ПОСЕТА НА ГРАДСКИТЕ ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ PDF Печати

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, после пола час од доаѓањето

на новата година, заедно со командирот на Полициската станица во Демир Хисар и командирот

на одделение на ТППЕ Демир Хисар, направи обиколка, ги посети дежурните работници во

Противпожарната единица, Полициската станица, Итната медицинска служба во Здравствениот дом

и дежурниот работник од Агенцијата за обезбедување во зградата на општината. Им ја честита

новата година и им врачи пригодни поклони, посакувајќи им многу здравје, среќа и успеси. 

.

1. Полициска станица Демир Хисар  


policija1


2. ТППЕ Демир Хисар

.

pozarna tppe

.

3. Итната медицинска служба во Здравствениот дом

 

ambulanta 1

 
"Предизвик за млади истражувачи" PDF Печати

Во големата сала во Општина Прилеп беше претставен пред директорите, професорите и наставниците од средните и основните училишта, општините од Пелагонискиот плански регион, во кое активно учество зеде и Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, новиот проект "Предизвик за млади истражувачи", организиран од Фондот за инвовации, заедно со Министерството за образование и наука. 
Мотив и цел се да се поттикне креативното размислување помеѓу учениците и наставниците, да воведеме еден нов метод на иновација. 

.

2 

.

Презентацијата поттикна многу прашања за можностите за аплицирање на повикот. 

Повеќе...
 
Усвоен буџетот на Општина Демир Хисар за 2018 годинa PDF Печати

Советот на Општина Демир Хисар го усвои буџетот на општината предложен од градоначалникот Марјанче Стојановски, за претстојната 2018 година.

.

Седницата се одржа на 27.12.2017 година (среда), во кабинетот на градоначалникот. 

.

Локалниот буџет за 2018 година е проектиран на вкупен износ од 171.449 милиони денари.

Планирани приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Демир Хисар се даночни приходи 16.3 милиони денари, неданочни приходи 5.1 милиони денари, капитални

приходи 4.7 милиони денари, приходи од дотации 72.5 милиони денари, приходи од трансфери 56.6 милиони денари и приходи од донации 4.4 милиони денари.

.

- Приходите на буџетот за 2018 година се планирани согласно трендот на наплата во изминатите години  и согласно насоките од Министерството за финансии на Република Македонија за дотациите. 

.

Вкупните расходи на Општина Демир Хисар за 2018 година се планирани на вкупен износ од 171.499 милиони денари, а само за капитални инвестиции се планирани 52.3 милиони денари, додека за социјални бенефиции издвоени се 500.000 денари. 

.

Од структурата на планираните расходи се констатира дека со планираните расходи утврдена е значајна развојна компонента бидејќи капиталните расходи опфаќаат над 30% од структурата на вкупните расходи.

Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат на изготвување проектна документација и изградба на инфраструктурни објекти патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, улично осветлување.. и е согласно програмата за комунално уредување донесена од Советот на Општина Демир Хисар. 

Повеќе...
 
Паричен надоместок за секое новородено дете во Општина Демир Хисар PDF Печати

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски и Советот на општината донесоа одлука со која во текот на 2018 година на секое семејство кое има новороденче ќе му се доделува паричен надоместок.

Ќе се доделуваат по 5.000 денари за првородено дете во семејство, по 5.500 денари за втородено дете во семејство и по 6.000 денари за третородено и секое наредно родено дете во семејство. 

Право на наведениот паричен надомест ќе имаат само семејствата кои живеат на територијата на Општина Демир Хисар и се жители на Општина Демир Хисар.

За начинот за доделување и доставување на потребната документација ќе се донесе Правилник за услови, критериуми и начинот на остварување на правото на паричен надоместок за новородено дете.

Одлуката е донесена бидејќи е составен дел од програмата на Локалната самоуправа и ќе почне да се реализира од 1 јануари. 

.

99

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 2 од 179

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер