Јавни претпријатија и установи
| Совет на општината |
|
|
|
Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од девет ниту поголем од 33 члена. Соодветно на бројот на жителите, Советот на општината Демир Хисар го сочинуваат 11 советници. Членовите на советот се избираат за време од четири години.
Со Советот на општината раководи претседател. Претседателот на советот се избира од редот на членовите на советот, со мандат од четири години. Советот на општината Демир Хисар во мандатот 2009 - 2013 го сочинуваат претставници на четири политички партии: ВМРО - ДПМНЕ - 5, СДСМ - 4, ВМРО - Народна партија - 1 и НСДП - 1. Претседател е Љупчо Ангелевски од ВМРО - ДПМНЕ. За разгледување на прашања од своја надлежност, Советот формира комисии. Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени. Постојани комисии на Советот се: - Комисија за финансии и буџет; - Комисија за јавни и комунални дејности; - Комисија за Урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина; - Комисија за општествени дејности; - Комисија за месна самоуправа; - Комисија за одбележување на празници, манифестации и доделување признанија и награди; - Комисија за мандатни прашања, избори и именување; - Статутарно правна комисија. СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА
Од лево кон десно: Љупчо Ангелевски, претседател, дипл. правник (ВМРО - ДПМНЕ), Бенита Чорбевска, бизнисмен (ВМРО - ДПМНЕ), Елизабета Крстевска, дипл. учител (ВМРО - ДПМНЕ), Добре Поповски, бизнисмен (ВМРО - ДПМНЕ), Кире Димовски, дипл. економист, бизнисмен (ВМРО - ДПМНЕ), Славе Огненовски, дипл. инж. агр. (СДСМ), Леонора Јолевска, мед. сестра (СДСМ), Никола Тренчевски (СДСМ), Добре Бошевски (СДСМ), Драге Пупунчевски, бизнисмен (ВМРО - НП), Васко Јовановски (НСДП). На фотогалеријата недостасува фотографија од советникот Добре Бошевски (СДСМ) Надлежност на советот 14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната
|















