06.07.2020
.

.
Врз основа на член 43 точка 39 од Статутот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр. 03/2) и одредбите од Одлуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар, бр. 07 – 942/9 од 26.12.2013 и измените на Одлуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар бр. 17-875/4 од 12.9.2018, Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, објавува:
.
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
.
- Наградата на Општина Демир Хисар „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“, се доделува на физичко лице за постигнати вонредни резултати, а особено за успеси и големи заслуги постигнати во областа на науката, бизнисот, економијата, образованието, културата, техничката култура, уметноста, спортот, здравството, социјалната заштита, екологијата и хуманитарните дејности, како и други подрачја и дејности, во Општината Демир Хисар.
- Наградата за животно дело се состои од ПЛАКЕТА и нето ПAРИЧЕН ИЗНОС;
- За доделувањето на наградата на Општина Демир Хисар за животно дело одлучува Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди;
- За висината на паричниот дел од наградата одлучува Советот на општината;
- Наградата ќе биде врачена на свечена седница на Советот по повод 2 Септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар;
- Предлог за доделување на наградата „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“ можат да поднесат трговски друштва, установи, верски заедници, политички партии, здруженија на граѓани и граѓаните – поединечно или како неформална група;
- Еден предлагач може да поднесе предлог само за 1 кандидат;
- Лицата што ќе бидат номинирани за наградата, задолжително потпишуваат, а предлагачите доставуваат потпишана изјава дека се согласни со номинацијата;
- Предлозите се доставуваат во писмена (печатена) форма, на пропишани обрасци што можат да се преземат TУКА или во архивата на Општина Демир Хисар;
- Предлозите се доставуваат лично, преку архивата на Општина Демир Хисар, до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, со назнака „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“;
- Предлозите се доставуваат во 6 идентични примероци;
- Краен рок за поднесување на предлозите е 20.7.2020, до 15:00 часот;
- Некомплетни предлози, предлози што нема да бидат доставени изработени на пропишаните обрасци, предлози што нема да бидат доставени преку архивата на општината и коишто ќе бидат доставени по завршувањето на утврдениот рок, нема да бидат разгледувани;
.
Совет на Општина Демир Хисар
Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди
Претседател на комисијата
Татјана Кочовска |