ЧЕСТИТКА И СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ PDF Печати

05.10.2020

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА

ПО ПОВОД 5. ОКТОМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

.

svetski-den-na-ucitelot-2020


Почитувани и драги наставници,

.

По повод 5. Октомври, Светскиот ден на учителите, кој е прогласен од страна на УНЕСКО во 1994 година, а во знак на препознавање и славење на учителската професија, како една од најважните за целокупен развој на општеството, дозволете ми во мое лично име и во име на општинската администрација, да Ви го честитам Светскиот ден на учителот и да Ви посакам успех во понатамошната благородна професија - учител, која го издигнува човекот на еден висок - хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.

Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност, туку и, кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.

И во овие специфични услови кога се соочуваме со општествената и здравствена криза предизвикана од Коронавирусот, Вие покажавте и докажавте со Вашиот труд, ентузијазам, посветеност и професионална одговорност, дека може успешно и безбедно да функционира воспитно - образовниот процес и беспрекорно да се едуцира секое дете каде му се овозможува и правото на образование.

Учителите имаат значајна улога во детскиот развој, но нивната улога на педагози и воспитувачи е подеднакво важна и во улогата на пријатели на учениците и заштитници на креативниот и интелектуален развој на младите генерации.
Просветниот кадар е тој што создава големи, силни, јаки и образовани личности, кои во иднина ќе градат професионални кариери и ќе бидат носители во општеството во кое ќе носат важни одлуки за истото.
Наставниците воспитуваат и секогаш се тука да ги ислушаат проблемите на учениците. Тие имаат значајна улога за унапредувањето на знаењето и развојот на човечките морални атрибути.

Особено ме радува фактот што трите општински училишта и средното општинско училиште на територијата на Општина Демир Хисар, успешно и безбедно ја започнаа новата учебна година, почитувајќи ги ѝ спроведувајќи ги целосно и доследно сите задолженија и прописи, согласно утврдените мерки и протоколи од надлежните институции и државни органи за заштита и превенција од вирусот Ковид - 19.
Трите општински основни училишта и средното општинско училиште во Демир Хисар, навремено и успешно започнаа со настава, односно со континуиран образовен процес кој, како што е одлучено од страна на МОН, а по препорака на Комисијата за заразни болести, ќе се одвива комбинирано - онлајн и со физичко присуство.
Уште од самиот старт, нашите училишта имаат обезбедено услови каде непречено ќе се одвива наставата по двата модели.

Ние, како локална самоуправа и јас како градоначалник, имаме обврска, задача и пред сè должност да озвозможиме заштита на секое дете и пристап до образованието, бидејќи е насушна потребата и во овие околности, Општината да обезбедува несебична поддршка и посветено да работи за успешен образовен систем.

.

Честитки уште еднаш до сите просветни работници!“ - стои во честитката на градоначалникот.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер