ЈАВНА РАСПРАВА |
![]() |
ЈАВНА РАСПРАВА по нацрт - Акциониот план од Стратегија за туризам на Општина Демир Хисар, за период 2021-2024 година . Општина Демир Хисар отвора јавна расправа по нацрт – Акциониот план од Стратегија за туризам на Општина Демир Хисар, за период 2021-2024 година. Јавната расправа ќе трае од 04.11.2020 година до 11.11.2020 година. Се повикуваат сите заинтересирани и засегнати субјекти да достават свои мислења и забелешки по документот преку е-пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . За реализацијата на проектот “Изработка на Стратегија за туризам на Општина Демир Хисар, со Акционен план , за период 2021-2024 година“ Општина Демир Хисар обезбеди грант средства преку Министерството за економија на Република Северна Македонија. Изготвувач на Стратегија за туризам на Општина Демир Хисар, со Акционен план , за период 2021-2024 година“ е фирмата „ГЕОМАП“ ДОО СКОПЈЕ. Линк до документот: >>>Акциски план Стратегија за туризам Демир Хисар<<< . Општина Демир Хисар |