Потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште Печати

Од месец Август 2012 година, во сила е Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште со кој се овозможува на сопствениците на објекти изградени на земјоделско земјиште да поведат постапка за издавање на одобрение за потврдување на истите и запишување во јавните книги за запишување на правата на недвижности.

Рокот за поднесување на барања до Општина Демир Хисар е до Август 2013 година.

Барањата може да се подигнат од Општина Демир Хисар или во електронска форма.

Со овај Закон опфатени се објектите кои се изградени пред 14 февруари 2011 година на земјоделско земјиште и тоа :

  • Оранжерии за производство на производи од растително потекло, вклучително и простории за сместување на опрема за одржување во заштитен простор;
  • Помошни објекти – градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, чување на земјоделска механизација и опрема, храна за животни и за времено сместување на земјоделски производи;
  • Објекти за примарна обработка на земјоделски производи – градби за одгледување на добиток и риби, за сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, за преработка на примарни сточарски производи и риби, за складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија и кланички капацитети.

Образец „БАРАЊЕ“ преземи тука.