|
МЕДИЈАЦИЈА |
|
|
|
Вести
|
|
16.02.2012
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНА МЕДИЈАЦИЈА
Градоначалникот Тони Ангелевски ја доби поддршката од општинските советници да го спроведе проектот за бесплатна медијација за граѓаните на општината Демир Хисар.
Наскоро, граѓаните на општината Демир Хисар, наместо на суд споровите ќе можат да ги решаваат по пат на медијација, односно помирување. Овој алтернативен начин на решавање ќе биде на трошок на општината.
Преку општинскиот буџет, градоначалникот ќе обезбеди околу 2 илјади евра на годишно ниво, а се обврза да обезбеди и соодветни просторни услови за работа на медијаторот. |
|
|
ДОНАЦИЈА |
|
|
|
Вести
|
14.02.2012
АВСТРАЛИСКИ АХАН ДОНИРА ВЕЛОСИПЕДИ
Австралиската хуманитарна организација АХАМ со седиште во Мелбурн, повторно донира хуманитарна помош за Демир Хисар.
|
|
Повеќе...
|
|
ДОНАЦИЈА |
|
|
|
Вести
|
14.02.2012
АВСТРАЛИСКИ АХАН ДОНИРА ВЕЛОСИПЕДИ
Австралиската хуманитарна организација АХАМ со седиште во Мелбурн, повторно донира хуманитарна помош за Демир Хисар. Овој пат, преку македонскиот претставник Аце Петковски, до општинскиот Црвен крст беа донирани 17 велосипеди за деца и возрасни од социјално загрозени семејства. Во соработка со Центарот за социјална работа, распределбата се изврши денеска.
Инаку не е првпат АХАМ да донира за демирхисарските социјалци. Како што јавуваат од општинскиот Црвен крст, соработката започна уште во 2009 година. Оттогаш, во неколку акции, донирани се 66 велосипеди и 155 пакети со облека во вкупна тежина од над 1800 килограми. Ваков вид на помош примиле 150 социјално загрозени семејства и поединци.


 |
|
|
РЕДУКЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА |
|
|
|
Вести
|
12.02.2012
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат граѓаните, дека на барање на ЕВН Македонија, од утре се воведува редукција на потрошувачката на електрична енергија за уличното осветление. Редукцијата ќе се спроведува во сите населени места и зависно од фазноста на мрежата. Односно, редукција ќе се спроведува само во населени места со повеќефазна мрежа. |
|
ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИТЕ НА ПОПУЛАРНОСТА ЗА 2011 |
|
|
|
Вести
|
12.02.2012
ДЕМИР ХИСАР НАЈПОПУЛАРНА И НАЈУСПЕШНА ОПШТИНА
Традиција, споредување, натпревар, престиж, благодарност, ветувања, потврда за упорноста, преземените ризици, олеснување по нервозите, напнатоста од реакциите на околината, промената на законите, промената на економскиот амбиент овде и надвор од земјата, потврда дека сè се надминало , и тоа успешно – вака започнува текстот објавен на веб порталот на ТВ Орбис по повод доделувањето на плакетите на популарноста на најуспешните во 2011 година што се одржа во петокот на 12 – ти февруари.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 31 |