ЧЕСТВУВАЊЕ - 114 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА Ј. ПИПЕРКАТА PDF Печати
Вести
Cestvuvanje-Piperkata-1

10.08.2017

СЕ ОДРЖА ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА

По повод 114 годишнината од загинувањето на демирхисарскиот војвода со кочичко потекло, Јордан Силјанов Пиперката, во славно Брезово и во печалбарското Велмевци, местото на неговото погребение, општината денеска го организира традиционалното чествување. По тој повод, делегација на Советот на Општина Демир Хисар што ја предводеше претседателот Ѓоко Василевски, а во името на градоначалникот, секретарот на општината Љупчо Ангелевски, се поклонија и положија цвеќе пред одбранбената кула во Брезово. Цвеќе положи и делегација на Македонското патриотско здружение „Тодор Александров“, а пред присутните се одржа мал историски час на којшто, за животниот пат и херојските подвизи и комитски итроштини на Јордан Пиперката и неговите соборци, говореше историчарот Славчо Велјановски.

По свеченоста во Брезово, делегацијата се упати во Велмевци, односно на месноста Черешна каде што се погребани посмртните останки на Јордан Пиперката и уште тројца негови соборци.

Cestvuvanje-Piperkata-2 
Во присуство на делегациите од општината и здружението „Тодор Александров“, како и пред жители на Велмевци, се одржа мал историски час.

На денешното чествување му претходеше културно - уметнички и забавно музички настан наречен „Велмевшко бунтовничко сретсело“ што се одржа синоќа во Велмевци.

Cestvuvanje-Piperkata-5
Cestvuvanje-Piperkata-4
Cestvuvanje-Piperkata-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер