Усвоен буџетот на Општина Демир Хисар за 2018 годинa PDF Печати
Вести

Советот на Општина Демир Хисар го усвои буџетот на општината предложен од градоначалникот Марјанче Стојановски, за претстојната 2018 година.

.

Седницата се одржа на 27.12.2017 година (среда), во кабинетот на градоначалникот. 

.

Локалниот буџет за 2018 година е проектиран на вкупен износ од 171.449 милиони денари.

Планирани приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Демир Хисар се даночни приходи 16.3 милиони денари, неданочни приходи 5.1 милиони денари, капитални

приходи 4.7 милиони денари, приходи од дотации 72.5 милиони денари, приходи од трансфери 56.6 милиони денари и приходи од донации 4.4 милиони денари.

.

- Приходите на буџетот за 2018 година се планирани согласно трендот на наплата во изминатите години  и согласно насоките од Министерството за финансии на Република Македонија за дотациите. 

.

Вкупните расходи на Општина Демир Хисар за 2018 година се планирани на вкупен износ од 171.499 милиони денари, а само за капитални инвестиции се планирани 52.3 милиони денари, додека за социјални бенефиции издвоени се 500.000 денари. 

.

Од структурата на планираните расходи се констатира дека со планираните расходи утврдена е значајна развојна компонента бидејќи капиталните расходи опфаќаат над 30% од структурата на вкупните расходи.

Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат на изготвување проектна документација и изградба на инфраструктурни објекти патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, улично осветлување.. и е согласно програмата за комунално уредување донесена од Советот на Општина Демир Хисар. 

.

Во новата година меѓудругото со средства од општината ќе се изврши реконструкција на улици во населеното место Света, ќе се изврши изградба на фекална канализациона мрежа за отпадни води во населено место, а ќе биде завршена и  изградбата на локалниот пат до манастирот Св. Петар, во селото Смилево.  

.

100

 

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер