Јавни претпријатија и установи
ОБУКА ЗА ОПШТИНСКИТЕ ПИАРИ |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() Два дена, лицата задолжени за односи со јавност од 13 општини во Пелагонискиот, Источниот и Југоисточниот и Вардарскиот регион, во Битола тренираа примена на алатки и практични вежби за информирање, етички стандарди, комуникациски вештини на пиарите со медиумите и специфичните целни групи, како и размена на добри практики и искуства. Убуката ја следеа лица за односи со јавност од Демир Хисар, Новаци, Кривогаштани, Виница, Пробиштип, Богданци, Кавадарци, Радовиш, Градско, Росоман, Кочани, Велес и Центар. На крајот од дводневната обука што ја организира ЗЕЛС, а во рамките на Годишната програма за регионални обуки, учесниците ја пофалија иницијативата, во обуките и тренинзите, како предавачи и медијатори, да се ангажираат лица со професионален произлез и искуство од областа на односите со јавност и деловните комуникации. Овој пат, на задоволство на сите учесници и претставниците на ЗЕЛС, тоа мошне успешно го направија пиарите на општините Велес и Штип. За останатите рагиони, ваква обука беше одржана во почеткот на јуни, во Маврово. ![]() ![]() |