Јавни претпријатија и установи
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЦРНА |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() Убавото време и нормалниот водостој придонесуваат расчистувањето на коритото на Црна Река да се одвива непречено. На најкритичните места каде што имаше најголемо попречување на водотекот, се корнат стари дрва, се вршат ископи и се корегираат поголемите свиоци. Досега коритото е расчистено во должина од околу 2 километри, односно на помалку од еден километар до мостот во селото Единаковци. Расчистувањето продолжува и треба да заврши кај браната на границата на Бучинскиот и Светскиот атар. Засега работите ги изведува приватна форма избрана по пат на јавен конкурс, а доколку се укаже потреба, дополнително ќе биде вклучена и механизација на АРМ. Според проектот, треба да се исчистат околу 6 километри. Зависно од временските услови, се очекува работите да завршат најдоцна до крајот на јули. Не се памети кога последен пат е расчистувано коритото. Од тие причини, за време на поројните дождови и наглото топење на снегот, Црна често се излеваше од своето корито поплавувајќи го најплодородното демирхисарско поле. |