„ИЛИНДЕН“ ВО СМИЛЕВО PDF Печати
Вести
Smilevo-1

Градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски, придружуван од членови на Советот на општината и претставници на јавниот и политичкиот живот, го посети легендарното Смилево и присуствуваше на чествувањето по повод големиот македонски национален празник 2 август – Илинден.

По тој повод, делегација што ја предводеа  градоначалникот Ангелевски и советникот Димовски,  како и делегации на Здружението „Даме Груев“  од Битола, Здружението на пензионерите и ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Демир Хисар, на гробот на великанот Даме Груев и споменикот на смилевските Илинденци се поклонија и  положија  цвеќе. На смилевското средсело се одржа пригодна културна програма на која што за историското значење на празникот говореше историчарот, м-р Јован Кочанковски. Попладнето градоначалникот Ангелевски ги посети и селата Големо и Мало Илино кои овој празник го  имаат за селска слава.

Smilevo-2Smilevo-3Smilevo-4Smilevo-5Smilevo-6

 


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер