МЕСЕЦ НА ДРЖАВНОСТА - ЗАВРШНА ПРИРЕДБА PDF Печати
Вести
IZLOZBA_-130.09.2011

Под покровителство на градоначалникот Тони Ангелевски, а во организација на Домот на културата, се одржа завршаната приредба од манифестациите што беа организирани во текот на септември, а во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од Македонската независност.

-          Оваа вечер уште еднаш, преку поезија, проза, музика и фолклор, симболично ќе ја покажеме и потврдиме нашата љубов кон Татковината, но и ќе потврдиме, дека ова брсјачко – мијачко остроумно, слободоумно и пркосно поднебје останува и продолжува да биде најголемиот македонски духовен расадник. Сакам на сите учесници во одбележувањето на Месецот на државноста да им изразам благодарност и да им оддадам јавно признание за придонесот што го дадоа во одбележувањето на јубилејот  – рече градоначалникот Ангелевски во поздравното обраќање.

По повод Месецот на државноста, во сите основни и средното општинско училиште беа распишани конкурси за избор на најдобра ликовна и литературна творба.

-          Изненадени сме од огромниот интерес кај учениците за учество на овој конкурс, а уште повеќе, одушевени сме од прекрасните ликовни и поетски творби што пристигнаа. Тоа е показ за огромното чуство на родољубие и како треба да се сака Татковината – вели директорот на гимназијата Кире Ристевски.

На завршната приредба, градоначалникот ги прогласи најдобрите и најуспешните и им додели пригодни награди и признанија.

Govor-gradonacalnikNagradena-1Nagradena-2Nagrada-foto-2Nagrada-foto-3Nagrada-foto-4Nagrada-foto-5

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер