Јавни претпријатија и установи
| ВЕЧЕРВА СЕ СЛАВИ ВАСИЛИЦА И ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА |
|
|
| Вести |
|
13.01.2012 Со песни и ора, покрај василичарските огнови, вечерва се прославува двојниот празник – Св. Василиј Велики и дочекот на Стара, односно Православна Нова Година. На повеќе од 20 локации во градот Демир Хисар и скоро во секое друго населено место, вечерва се палат василичарските огнови, се пие топла ракија, се печат колбаси и се вртат мазници. Василица не е само црковен празник, туку и еден од највеселите празници што го слават православните христијани. Утрото на 14 – ти јануари, на вратите ќе затропаат василичарските коледари со песни за среќна и бериќетна година. Со празникот Василица се поврзуваат многу народни обичаи. Еден од најтрадиционалните во демирхисарско е подготвувањето на мазници со паричка. Според народното верување, на оној што ќе му се падне паричето, во текот на годината ќе го служи многу среќа и успех. Дел од многубројните василичарски огнови, традиционално вечерва ќе посети градоначалникот Тони Ангелевски со желба на своите сограѓани лично да им ги честита празниците. |






