ПРАЗНУВАЊА PDF Печати
Вести
Maznik

14.01.2012

ВАСИЛИЦА И НОВА ГОДИНА

Според Јулијанскиот календар денес е 1 коложег (првиот месец во годината).
Јулијанскиот календар е стар црковен календар кој се користи од Македонската Православна Црква, Српската Православна Црква, Руската Православна Црква, Украинската Православна Црква и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија.

За разлика од Грегоријански календар овој календар е поназад за 13 дена во периодот 1900-2100 година, а таа разлика се зголемува за еден ден по 2100 година.
Започнувањето на Новата година вообичаено се прославуваше синоќа, надвор од домовите со палење на големи Василичарски огнови, со храна и пијачка. Повеќе од 20 огнови гореа синоќа до раните утрински часови низ цел Демир Хисар.
Денеска е и Василица, а на овој ден се празнуваат три празници – Свети Василиј Велики, Обрезание на Господ Исус Христос и православна Нова Година
Со мазник со паричка православните христијани го прославуваат доаѓањето на новата година според јулијанскиот календар. Според стариот обичај, од мазникот секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.
На сите што го носат името Васил, Васка, Василе или Васко, градоначалникот Тони Ангелевски им го честита именденот, а на сите останати, им ја честита православната Нова Година.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер