Јавни претпријатија и установи
| ЗАМРЗНА СТАРА РЕКА |
|
|
| Вести |
17.01.2012 ПОЛАРНАТА ЗИМА ГИ ЗАМРЗНА ВОДИЧАРСКИТЕ ВИРОВИ На два дена пред големите богојавленски свечености, поларните температури ги замрзнаа водотеците, базените и вировите. Тоа на организаторите им создава дополнителни проблеми бидејќи, пред да почнат со завирувањето, претходно ќе мора да го искршат мразот. Членовите на црковниот одбор на храмот Св. Никола Демир Хисар денеска се изнамачија додека ги поставуваа дрвените прегради. Водата е целосно замрзната, а на замрзнатата површина формирана е кора од 10 – ина сантиметри мраз. Ако не успеат рачно, ќе побараат механизација за да го искрши мразот, а дури потоа да почне завирувањето. Заради екстремно ниските дневни температури, загрижени се и за интересот на капачите бидејќи во вакви поларни услови не се потребни само храброст и вештини во пливањето, ами и добра општа здравствена состојба. Не се памти олку сурова зима откако е обновено фрлањето на крстот. Никогаш, откако пред неполни 20 години првпат се одржа во Мургашево, водата на Стара Река не замрзнала, а и температурите не биле толку ниски. Централната Богојавленска манифестација, традиционално ќе се одржи на мостот на Стара Река, во населбата Мургашево. Генерален покровител е градоначалникот на општината Тони Ангелевски, а организатор е црковниот одбор. Манифестацијата ќе ја помогнат и неколку локални компании ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |












