Јавни претпријатија и установи
| ПРАЗНУВАЊА-СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ |
|
|
| Вести |
20.01.2012 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕСТИТАЊЕ ВО СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ Иако зима со дебелна снежна покривка и температури под нулата, непрегледна маса верници денеска како река се точеше кон манастирот Свети Јован Крстител кај Слепче со молитва за здравје и љубов кон Светителот. Бидејќи е строг пост, традиционално на овој ден манастирот даваше ручек со посен грав и риба што го приредија старешинството и домаќинството на манастирот. Во посета на манастирот на честитање беше и градоначалникот Тони Ангелевски кој во името на граѓаните на општината, на јеромонахот Серафим и братството на манастирот им го честита денешниот празник и остана на ручек заедно со другите верници. По ручекот, градоначалникот имаше кратка работна средба со старешинството на манастирот. Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари според македонскиот православен црковен календар. Манастирот Свети Јован Крстител кај Слепче и во снежно руво изгледа како вистинска манастирска оаза, а под дебелата снежна покривка изгледа посакувано и привлечно духовно светилиште. ![]() ![]() ![]() ![]() |









