ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА PDF Печати
Вести

D._Hisar--vrednosna_karticka-410.02.2012

ХУМАНИТАРНА ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА

Над 200 основци и средношколци од Демир Хисар, денеска ја проследија хуманитарната проекција на играниот филм „Возрасни“.

Филмската претстава се одржа во рамките на проектот „Промоција на хумани вредности“ што го спроведуваат клубовите на подмлаткарите на Црвениот крст од средното и основното училиште „Крсте Мисирков“ и  „Гоце Делчев“. Истиот филм и со иста цел ќе биде прикажан и за повозрасната демирхисарска публика на  вечерна проекција во Домот на културата.

Сите средства што ќе бидат  обезбедени од продажбата на влезниците ќе бидат употребени за набавка на храна, санитетски средства или облека за социјално загрозени поединци и семејства од неколку демирхисарски села.

Според програмата, до крајот на месецов  ќе бидат организирани уште неколку хуманитарни акции: продажна изложба на ученички ликовни творби, подготвување и изложба на традиционална храна, собирна акицја за облека, квиз – натпреват во знаење и друго.

Сите активности се организираат и спроведуваат со поддршка и под покровителство на градоначалникот на општината, Тони Ангелевски.

D.Hisar-filmska_proekcija-1D.Hisar-filmska_proekcija-3

D.Hisar-filmska_proekcija-2

 

Пријави проблем

Анкета

КАКО СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
 
Банер
Банер
Банер