ВРЕМЕ - НЕВРЕМЕ PDF Печати
Вести
D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-1

10.02.2012

ДЕМИР ХИСАР УСПЕШНО СЕ СПРАВУВА СО СНЕГОТ

Иако Демир Хисар вообичаено е едно од „најснежните“  и најстудените подрачја во РМ, последниве години наназад многу  успешно се справува со снегот и екстремното студенило.

Најтешкиот „испит“ се годинашниве обилни и катадневни снежни врнежи. Речиси да нема ден да не падне нов снег, а при тоа да не ги дооснежи градот, селата, а посебно оние на повисоките места. Но благодарение на навремените продговотки пред почетокот на зимската сезона во смисла на обезбедување доволно финансиски средства и исправна механизација, досега не се случи, заради високиот снег,  некое населено место да остане отсечено.

Градскиот „Комуналец“ вклучи 3 возила опремени со снежни плугови, а зависно од потребите и висината на снежната покривка, дополнително ангажира механизација од други приватни компании. Засега, како што велат во „Комуналец“, најголем „проблем“ е нетрпеливоста на граѓаните кои речиси едновремено сакаат и бараат  чистење на патиштата до нивните населени места, без при тоа да имаат предвид дека  расчистувањето се одвива според утврдени приоритети од страна на „Комуналец“ и локалната самоуправа. Средствата обезбедени за чистење снег за оваа година се при крај, но доколку се укаже потреба, општината ќе обезбеди дополнителни, вели градоначалникот на општината Тони Ангелевски

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-2

Во моментов снегот е расчистен на сите локални патни правци во општината во должина од 76 км и 10 километри улици во градот. Исто така проодни се и регионалните патишта до, од и низ Демир Хисар во должина од 62 километри. Единствено се уште не е прооден локалниот пат до селото Радово каде што живеат 13 жители, од кои 4 малолетни деца.  Раководителот на регионалниот општински центар за управување со кризи, Љубе Николовски информира, дека со Радовци се во постојан контакт и зависно од нивните потреби, општината и Центарот соодветно ќе интервенираат. Инаку патот до Радово остана неисчистен бидејќи за оваа делница потребна е потешка механизација која што, нити „Комуналец,“ нити пак некоја друга фирма во општината ја поседува.

Малку понезавидна е состојбата со градските улици и тротоари каде што заради паркираните возила и набиениот и замрзнат снег од преходните врнежи, на коловозите се уште има снежна покривка.

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-3

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-4

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-5

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-6

D._Hisar-znagot_patistata_ulicite-7

 

Пријави проблем

Анкета

КАКО СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
 
Банер
Банер
Банер