ДЕМИР ХИСАР - НАЈУСПЕШНА ОПШТИНА ВО 2011 PDF Печати
Вести
Grb_na_opstinata-smal

10.02.2012

ВЕЧЕРВА Е ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ОСКАРОТ НА ПОПУЛАРНОСТА НА ТВ ОРБИС

Во организација на регионалната телевизиска станица „Орбис“, вечерва во реномираниот хотел „Капри“ во Битола ќе се одржи гала вечер на која што ќе бидат доделени таканаречените оскари на популарноста на поединци, организации и институции за резултати постигнати во 2011 година.

Меѓу лауреатите на ова престижно признание на гледачите на овој медиум е и општината Демир Хисар, односно градоначалникот Тони Ангелевски. Според резултатите од јавната анкета, општината Демир Хисар доби најмногу гласови од гледачите во конкуренција на општините Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кривогаштани, Могила и Новаци.

Во името на општината и граѓаните на Демир Хисар, признанието ќе го прими градоначалникот Ангелевски.

Досега ова е највисоко јавно признание што општината Демир Хисар го добила во текот на нејзиното 66 годишно постоење.

 

Пријави проблем

Анкета

КАКО СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
 
Банер
Банер
Банер