ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИТЕ НА ПОПУЛАРНОСТА ЗА 2011 PDF Печати
Вести
Plaketa__slika-1-s

12.02.2012


ДЕМИР ХИСАР НАЈПОПУЛАРНА И НАЈУСПЕШНА ОПШТИНА

Традиција, споредување, натпревар, престиж, благодарност, ветувања, потврда за упорноста, преземените ризици, олеснување по нервозите, напнатоста од реакциите на околината, промената на законите, промената на економскиот амбиент овде и надвор од земјата, потврда дека сè се надминало , и тоа успешно – вака започнува текстот објавен на веб порталот на ТВ Орбис по повод доделувањето на плакетите на популарноста на најуспешните во 2011 година што се одржа во петокот на 12 – ти февруари.

Plaketa-2-s

Меѓу лауреатите на ова престижно јавно признание, беше и општината Демир Хисар која ја доби плакетата за најпопуларна, односно најуспешна општина во 2011 година во конкуренција на општините Битола, Прилеп, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и Крушево.

Во името на градоначалникот Тони Ангелевски кој од приватни причини мораше во последен момент да го откажи присуството на свеченоста, наградата ја примија директорите на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Кире Ристевски, на „Комуналец“, Пеце Наловски и на основното училиште „Гоце Делчев“, Горан Костовски кој имаше и кусо обраќање:

          - Во годинава што е пред нас ќе се трудиме да го намалиме бројот на возможни грешки, а се надеваме и посакуваме да бидеме многу поуспешни, и дека  ќе донесеме уште попозитивни резултати  - рече, покрај другото Костовски

Наградата „Најпопуларна општина“ е највисоко јавно признание што општината Демир Хисар го добила во своето шест ипол децениско постоење.















Plaketa-3-s
 

Пријави проблем

Анкета

КАКО СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНАТА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?
 
Банер
Банер
Банер