Јавни претпријатија и установи
| ДОНАЦИЈА |
|
|
| Вести |
14.02.2012 АВСТРАЛИСКИ АХАН ДОНИРА ВЕЛОСИПЕДИ Австралиската хуманитарна организација АХАМ со седиште во Мелбурн, повторно донира хуманитарна помош за Демир Хисар. Овој пат, преку македонскиот претставник Аце Петковски, до општинскиот Црвен крст беа донирани 17 велосипеди за деца и возрасни од социјално загрозени семејства. Во соработка со Центарот за социјална работа, распределбата се изврши денеска. Инаку не е првпат АХАМ да донира за демирхисарските социјалци. Како што јавуваат од општинскиот Црвен крст, соработката започна уште во 2009 година. Оттогаш, во неколку акции, донирани се 66 велосипеди и 155 пакети со облека во вкупна тежина од над 1800 килограми. Ваков вид на помош примиле 150 социјално загрозени семејства и поединци. ![]() ![]() ![]() |







