ПРОСЛАВА PDF Печати
Вести
11

ВО ДЕМИР ХИСАР СВЕЧЕНО СЕ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА

02.05.2015

Свеченостите се одржаа на 2. септември, ден којшто демирхисарци го одбележуваат како ден на ослободувањето, а започнаа со положување на свеќе на Споменикот на демирхисарските револуционери во градскиот парк на којшто се поклонија делегации на градоначалникот Љупчо Блажевски, Психијатриската болница, Здружението на борците, Здружението на Организацијата на резервните офицери и Здружението на пензионерите.

Централната свеченост се одржа пред општинската зграда кадешто, пред поголем број присутни раководители на јавни претпријатија и установи и органите на државната управа, здруженија на граѓани и вработените во локалната самоуправа, свечено беа промовирани изменетите, односно новите општински симболи.

-          Општината Демир Хисар е една од ретките и меѓу првите кои што пристапија кон изменување и утврдување на нови општински симболи грб и знаме коишто се изработени според највисоките меѓународни хералдички, односно вексилолошки правила и стандарди -  рече покрј другото во своето пригоднообраќње претседателот на Комисијата, историчарот Александар Тренчевски.

По повод утврдувањето на измените на грбот на општината, советникот Ѓоко Василевски и претседателот на Комисијата Александар Тренчевски, открија нова натписна инфо – табла со изменетио општински грб.

Со церемонијална свеченост и со звуци на церемонијална музика, свечено беше дигнато на јарбол и новото знаме на општината. Општината Демир Хисар беше единствена општина во Македонија којашто досега немаше свое општинско знаме, рече во своето пригодно обраќање градоначалникот Љупчо Блажевски и додаде:

-          Кубурот - култното појасно огнострелно оружје на Македонските комити, бајонетот – македонското ножободие и текстот од евангелиската, новозаветна радосна вест, продолжуваат да бидат најпрепознатливиот симбол на брсјачко – мијачка напокорност и тврдокорност. А железнечките крепости и непресушните еригонови црноречни врутоци, засведочени на новото демирхисарско знаме, ќе продолжат да бликаат од сите страни и ќе го продолжат својот непресушен библиски òд во Соломоновата песна над песните! Новото знаме на општината нека почне да се виори во духот на меѓусебното разбирање, почитување, уважување и традиционално домољубие. Ние денеска не го дигаме само знамето на Општина Демир Хисар. Дигајќи го на јарболот општинското знаме, сите ние денеска одговорно и гордо стоиме и под знамето на славната македонска историја, пред знамето на Република Македонија.

Автор на идејните ресенија за изменетиот грб и новото Општинско знаме е познатиот македонски хералдичар Стојанче величковски.

Годинашното одбележувње на 2. септември се одржува во рамките на Демирхисарското културно лето и сеопштата општинска прослава на 70. годишнината од основањето на првата Демирхисарска околија.

22

77

88

99


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер