.
„Арт Поинт - Гумно“ е непрофитна организација сместена во селото Слоештица,во југо - западниот дел на Македонија. Нашите активности се фокусирани на уметностите, културата, грижа за животната средина и за локалниот економски развој на горно - демирхисарскиот регион.
Цели на Меѓународниот Центар за Уметност и Одржлив РАзвој „Арт Поинт - Гумно“:
- реализирање на активности за афирмација на културата и заштита на традиционалното културно наследство
- култутно - уметнички развој на регионот на горен Демир Хисар
- развивање на активности за заштита на природните богатства и културната традиција
- приближување на културата, уметноста и традиционалните вредности до младите
- заштита и промоција на традиционалната уметност и старите занаети
- развивање на агро - еко - туризам во регионот на горен Демир Хисар
- развивање на активности во насока на воспоставување на одржлив локален економски развој (преку учество и поддршка на проекти и иницијативи за културен, економски, урбан, туристички и земјоделски развој)
- развивање на соработката со државните органи и организте на локалната самоуправа, со домашни и меѓународни владини и невладини институции и организации и поединци кои имаат исти или сродни цели
- културна размена со други меѓународни организации и поединци
Нашето мото е:
Македонија во светот, светот во Македонија!
Контакт
АРТ ПОИНТ - ГУМНО
с. Слоештица, Демир Хисар
Република Македонија
Тел/факс: ++ 389 2 2044 123
Телефон: ++ 389 47 271 636
E - mail:artpoint#mt.net.mk
|