Библиотека АЛ-БИ Печати

.

ПОРТФОЛИО

НА БИБЛИОТЕКАТА АЛ-БИ, С. БАБИНО, ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

.

biblioteka-albi-fotografija-za-portfolio

.

biblioteka-albi-prva

.

ЦЕЛОТО ПОРТФОЛИО ВО ПДФ - ФОРМАТ Е ДОСТАПНО ТУКА

.

Библиотеката „Ал-Би“, с. Бабино, куќа со традиционален изглед, во неа постои отворена етно-соба, основана во 1882 година. Резултат на тривековна колекционерска работа, и поседува значителен фонд на ретки и уникатни книги, од кои најстарата е Арапски речник од 1307 година. Првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик.

Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“.

Во овој дом на илјадници книги се одвива вистинска космичка драма на духот. Овде зборот живее со сета сила и магија, а клуч за влез во овој културен топос е благиот збор, вели Стево Степановски, сопственик на библиотеката, за порталот МИА.

Тука се среќава и зборникот на народни песни на браќата Миладиновци, печатен во 1891г.

.

foto-biblioteka-albi-5

.

.

Првиот број од Македонскиот правопис го добив лично од академик Божин Павловски, а првиот примерок од книгата „Волшебното самарче“ што излезе од печатница и што долги години го користел авторот Ванчо Николески го добив од неговиот внук, кој одлучи токму тука трајно да се чува и да е достапен за јавноста. Овие, но и примерокот од првото издание на македонскиот Буквар, како и првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци, имаат стручна заштита, исто како и другите книги во библиотеката, потврди Степановски.

За Библиотеката „АЛ-БИ“ велат дека е најголемата библиотека лоцирана во најмало населено место во светот, бидејќи денес во селото Бабино има само 2 (и со букви – само двајца) постојани жители, две бабички, кои се навикнале на повремен немир што со своите возила го создаваат посетителите на библиотеката. Некои, пак, велат дека библиотеката е најмала во светот бидејќи во една куќа на мал прстор се чуваат над 20 000 наслови, недоброени книги подјадени и изгризани, пожолтени, стари, но и нови.

Сместени во двокатница изградена од камен, во „АЛ-БИ“ може да се види и друг библиотечен материјал, книги и весници, списанија и публикации, географски карти и звучни записи, албуми и дијапозитиви и, што е најважно, целокупниот материјал не е под никаква идеолошка, политичка или верска конотација. Во библиотеката се чуваат документи значајни за Илинденското востание и Народноослободителната борба, дела на класици од светската литература, но и публикации што биле конфискувани или забранувани.

.

foto-biblioteka-albi-2

.

Во библиотеката има етнособа со етнолошката поставка што содржи над 120 предмети од демирхисарското поднебје со сета негова естетска и музејска вредност. Народни носии што ги отсликуваат културните влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот во разни периоди како што се старобалкански, старословенски, турско-ориентални…, а зачувани се и разни куќни предмети, како и стол на кој седел познатиот македонски револуционер, војводата Јордан Пиперката.

Библиотеката „АЛ-БИ“ како туристичка и дипломатска дестинација има свој печат, изработен од полускапоцен камен во Пекинг во 1973 година, а лично го дизајнирале и го нарачале Петре М. Андреевски и Иво Андриќ, кои таа година престојувале во Кина на голема книжевна манифестација. На печатот е напишано името на Библиотеката „АЛ-БИ“ и сопственикот Стево Степановски.

.

Дел од нив..

.

(фотогалерија)

.

foto-biblioteka-albi-3

.

foto-biblioteka-albi-4

.

foto-biblioteka-albi-6

.

foto-biblioteka-albi-1




.