ЈЗУ Психијатриска болница PDF Печати

LogoЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ДЕМИР ХИСАР


Историјат

Јавната здравствена установа  Психијатриска болница Демир Хисар е формирана  во 1956 година. Болницата е формирана под називот ,,Болница за душевни Болести,, Демир Хисар од страна на Републичкиот Извршен совет на НРМ со Решение бр. 157 од 18,07,1956 год, и истата е запишана во регистарот на Окружниот стопански суд Битола со Решение бр. 360/70.
Согласно Законот за здравствена заштита, на 22,02,2005 година од страна на Управниот Одбор на Болницата беше донесена Статутарна Одлука за изменување и дополнување  на Статутот на ЈЗО Болница за душевни болести, со која што Болницата го менува називот и прераснува во ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар.

jzu-psihijatriska-bolnica-dh

Дејност

Основната дејност на Болницата е болничка и вонболничка психијатриска и специјалистичко консултативна здравствена заштита, а  во склоп на останатите дејности се врши и дијагностичко-лабораториска дејност, обезбедување лекови и санитетски материјали, сместување и исхрана на болните и вршење на здравствено-статистичка обработка. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој  во болницата се создадоа услови за формирање на Центар за ментално здравје во Прилеп, Дневна болница за психози во Демир Хисар и Дневна болница за алкохолизам  Демир Хисар. Капацитетот  на ЈЗУ Психијатриска Болница во однос на болнички кревети изнесува 500 легла, а приближно на годишно ниво се лекуваат околу 1000 пациенти во болничкиот дел и исто толку во делот на вонболничката заштита односно Центарот за ментално здравје и Дневните болници. Во во Болницата се вработени 250 извршители - медицински и немедицински персонал со кој се овозможува целосно извршување на непрекината здравствена дејност, и кој со својот високо професионален приод на давање на медицинските и други услуги придонесува во успешноста во лекувањето и запазувањето на високи стандарди во здравствената процедура.

Адреса: Битолска бб Демир Хисар

Телефони: (+389) 047 208 665 и 047 276 611

Факс: (+389) 047 276 361

email:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

web: www.psihijatriskadh.mk

Директор: Кочовска Ивана

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер