Јавни претпријатија и установи
Подружница ШС „Бигла“ |
![]() |
![]() |
Историјат Првите почетоци на организирано шумарство се од 1946 година. Вработени Вработени: 95 на неопределено работно време и на определено работно време 10 работници преку Агенцијата за привремено вработување. Структурата на вработени е следната : 7 шумарски инжинери и 4 со други занимања со ВСС,5 со ВШС, 25 со ССС, 17 со СССЗ , 7 со КВ и 30 општи работници. Шумски фонд Oд целокупната територија на општина Демир Хисар која зафаќа 473 км2 односно 31.918,10 ха со шуми и шумско земјиште се 25.007,30 ха а останатиот дел се земјоделски и други површини. Од вкупната површина од 22.970 ха високостеблените шуми зафаќаат површина од 2438 ха, нискостеблените од 19.466 ха и боровите култури зафаќаат површина 1066 ха. На производството на ПШС „БИГЛА“ Демир Хисар најголеми потрошувачки центри се Битола, Прилеп и Демир Хисар. Актуелности Шумарството во Демир Хисар низ годиниве трпи огромни штети од бесправни сечи и зачестени шумски пожари за кои се вложуваат огромни напори и средства за нивно успешно справување. За нивно поефикасно справување денес потребна е поголема техничка опременост. Во однос на техничката опременост, треба да се напомене дека механизацијата со која располага ПШС „БИГЛА“ од Демир Хисар иако е разновидна, но за жал сите средства се доста стари и амортизирани и логично за нивно одржување се бараат поголеми издатоци како и зголемени трошоци за гориво. Адреса: ПШС „Бигла“, ул. 29 ноември, бб, 7240 Демир Хисар Тел/факс: (+389) 47 276 533 и 276 971 Мобилен: (+389) 76 485 505 e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Директор: Илче Тренчевски |